„Aston Martin“ го претстави моделот „Vanquish“ со отворен покрив. За екслузивното возење купувачите ќе мораат да одвојат триесетина илјади евра повеќе во однос на цената на купе верзијата.
Една година по претставувањето на моделот со цврст покрив, „Aston Martin“ на пазарот ја пушти и кабриолет варијантата „Vanquish Volante“.
Британскиот производител со големата употреба на материјали од јаглеродни влакна успеа да постигне вкупната маса на моделот „Volante“ да изнесува 1.844 kg, што е за само 9 kg повеќе од купе верзија. Тоа е одличен резултат ако се има во предвид дополнителната тежина која кабриолетот ја има од механизмот за подигнување и спуштање на покривот.
Кога станува збор за оваа операција од „Aston Martin“ велат дека за склопување на трослојниот мека покрив е потребно 14 секунди.
Покрај разликите во покривот „Volante“ стилски во целост се надоврзува на стандардниот „Vanquish“, а од купе верзијата е превземен и дизајнот на внатрешноста на автомобилот, како и 6.0 литарскиот V12 мотор и шестбрзинскиот „Touchtronic 2“ автоматски менувач.
Погонската единица е во состојба да произведе 421 kW/573 ks при 6.750 o/min, a располага со максимален вртежен момент од 620 Nm кој се достигнува на 5.500 o/min.
До „стотка“ ова возило стигнува за 4.1 секунда, а максималната брзина изнесува 294 km/h.
„Vanquish Volante“ ќе пристигне на европскиот пазар до крајот на 2013-та година, а почетната цена во Германија ќе изнесува точно 264.995 евра.