30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Италија мора да ги смири буџетските дебати

Драги: Италија мора да ги смири буџетските дебати

Италијанските власти треба да престанат да го доведуваат во прашање еврото и треба „да ги смират“ дебатите за буџетот, бидејќи веќе нанеле штета на компании и домаќинства, рече гувернерот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги, цитиран од агенциите.

Италијанската влада води спорови со европските власти во врска со плановите на Рим тројно да го зголеми дефицитот во наредната година, откако се откажа од претходното ветување да ја намали буџетската дупка во една од најзадолжените земји во блокот.

„Проширувањето на буџетот во земја со висок долг станува многу посложено … ако луѓето почнат да го ставаат под сомнение еврото“, коментира Драги на прес-конференција во Индонезија во рамките на годишната средба на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

„Овие изјави … предизвикаа вистинска штета и има многу докази дека се прошируваат зголемувањата во однос на овие изјави“, рече Драги. „Резултатот е дека домаќинствата и бизнисите плаќаат повисоки каматни стапки на кредитите“, додаде тој.

Италијанските обврзници значително се зголемија претходно оваа есен, откако претставник на една од владејачките партии изјави дека Италија ќе има корист од напуштањето на еврото.

„Првото нешто што треба да направите е да се смирите. Второто е да ги почекаме фактите“, коментира уште Драги, истакнувајќи ја потребата од истражување на реалните планови за трошоците кои можат да се разликуваат од најавените од владата.

Но, Драги се спротивстави на обвинувањата од страна на претставници на италијанската влада дека планот на ЕЦБ за постепеното прекинување на откупот на средства до крајот на годината е причина за зголемувањето.

Драги, поранешениот гувернер на италијанската централна банка, изјави дека во јуни пазарите не реагираа на оваа одлука на ЕЦБ, а се насочи особено кон италијанските проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП