Најсреќни на работа се работниците кои исполнуваат работни задачи кои не бараат размислување, покажа истражувањето на Универзитетот Ирвин во Калифорнија.
„Работата која не бара ментална вклученост ни овоможува чувство на исполнетост и задоволство без стрес и фрустрации“, објасни лидерот на тимот на истражувачи од калифорнискиот универзитет Глориа Марк.
Истражувањето, во кое беа вклучени вработените во Мајкрософт кои ги исполнувале задачите примање и сервисирање на различни податоци во текот на цел ден, покажа дека службениците кои во моментот на обавување на работната задача која бара големо внимание и фокусираност се чувствувале помалку среќни отколку кога од нив било побарано само површно читање на мејловите и одговарање на истите.
„Концентрацијта доведува до различни видови на стрес, а луѓето генерално се посреќни кога не се под стрес“, објаснува д-р Марк.
„Од друга страна, работата „на слепо“ не бара напор, а сепак, овозможува чувство на задоволство поради исполнување на работните обврски“, се вели во заклучокот од истражувањето.