30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовиот потег во трговската војна на САД го намали јуанот

Новиот потег во трговската војна на САД го намали јуанот

Кинескиот јуан се намали до 11-месечно дно, откако администрацијата на Трамп воведе нови давачки од 10% на кинески стоки во вкупна вредност од 200 милијарди долари, соопштува „Ројтерс“. Ескалираниот конфликт го обезвредни и австралискиот долар.

Најтргуваните валути, како на американскиот долар и еврото, пак останаа речиси без промена. Трејдерите реагираа таму каде најбрзо се одразуваат новите давачки – во Кина и во Азија, каде земјите како Австралија зависат од побарувачката на нивните стоки од страна на Кина.

Уште ескалација на трговскиот конфликт го враќаат во црвената зона и азиските берзи.

Последните вести на за трговскиот фронт доаѓаат откако кон крајот на минатата недела беа воведените билатерални давачки меѓу САД и Кина во вредност од 34 милијарди долари, а во исто време не беше прикажано желба за започнување на разговори со цел постигнување на примирје. Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави во петокот дека размислува за наметнување на дополнителни давачки за уште вкупно 500 милијарди долари.

„Неодамнешното обновување на пазарите заврши утринава. Инвеститорите чекаат реакцијата на Пекинг уште еднаш“, коментираа аналитичари од „Commerzbank“. Според нив е прашање на дискусија до таков степен ефектот ќе се почувствува во САД и Кина и какви ќе бидат последиците за доларот, бидејќи слабиот раст може да се совпадне со повисоката инфлација.

Кинеската валута поевтини до 6,6919 јуани за долар, намалувајќи се со повеќе од половина процент до околу 11-месечно дно. За споредба на 3-ти јули беше допрено претходното дно на ниво од 6,7344 јуани за долар.

Австралискиот долар се намали за 0,7% во однос на американскиот до 0,7404 долари. Еврото се придвижи на црвена територија со 0,1% во однос на американскиот долар, додека индексот на доларот едвај се помести во нагорна насока до 94,201 поени.

Јенот ја отвори азиската сесија со унапредувањата, но потоа забележа пад и се стабилизира на ниво од 111,03 јени.

„Бидејќи Трамп уште кон крајот на минатата недела проговори за нови давачки во вкупна вредност од 500 милијарди долари, денешните вести не беа сосема изненадувачки, но пазарите неизбежно реагираат во оваа ситуација“, коментира Киосуки Сузуки, директор за тргување со валути во „Societe Generale“.

Канадскиот долар ослабе за 0,2% до 1,3137 долари во очекување на кревање на каматната стапка од страна на Канадската централна банка подоцна во текот на денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП