Оперативниот систем на информатичкиот гигант „Googlе“ е на добар пат да го надмине „iOS“ системот на „Apple“ како најраспространета платформа кога станува збор за апликациите на мобилните уреди.
Корисниците на „Android“ месечно превземаат околу 2.5 милијарди апликации од сервисот „Google Play“, додека корисниците на „iOS“ од нивниот „App Store“ превземаат 2 милијарди апликации месечно.
„App Store“ неодмна ја премина магичната граница од 50 милијарди превземени апликации, додека таа бројка кај „Google Play“ изнесува околу 48 милијарди. Меѓутоа се очекува „Google Play“ до октомври да го престигне лутиот ривал.
Вкупниот број на уреди кои го користат оперативниот систем „Android“ е 900 милиони, додека бројот на уредите со „iOS“ е 600 милиони.