30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Сингапур ерлајнс“ го воведува најдолгиот лет во светот

„Сингапур ерлајнс“ го воведува најдолгиот лет во светот

Компанијата „Сингапур ерлајнс“ во октомври ќе го воведе најдолгиот комерцијален лет во светот кој ќе трае 18 часа и 45 минути.

Станува збор за летот од Сингапур до Њујорк. Моменталниот рекорд го држи „Катар ервејс“ со летот од Окленд во Нов Зеланд до Доха во Катар кој трае 17 часа и 40 минути.

Компанијата за оваа потреба нарачала седум нови авиони „ербас А350-900 УЛР“. Авионите се наменети за 161 патник, 67 во бизнис класата и 94 во економска класа.

„Сингапур ерлајнс“ имаше слична рута од 2004 до 2013 година, но не ги донесе очекуваните приходи и затоа ја укина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП