30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОхридско лето ги именува режисерот Поповски и професорот Ристов за нови селектори...

Охридско лето ги именува режисерот Поповски и професорот Ристов за нови селектори на програмата

Охридско лето во соопштение наведува дека како национална установа го раскинало договорот за соработка со музичкиот селектор Ѓорѓи Цуцковски по претходна согласност од Управниот одбор на установата.

Како што информираат оттаму, соработката со Цуцковски се прекинува поради неисполнување на обврските дадени во договорот.

„Управниот одбор на Охридско лето на денешната седница го прифати предлогот за именување нови селектори. За драмскиот дел од програмата како селектор е именуван Александар Поповски, еден од нашите најуспешни театарски и филмски режисери. За музичкиот дел од програмата на фестивалот како селектор е именуван професорот Васо Ристов од Факултетот за музичка уметност при Универзитетот ‘Св.Кирил и Методиј’“, се наведува во соопштението.

Од Управниот одбор истакнуваат дека се работи за двајца истакнати уметници и културни работници, добро познати на домашната и меѓународната театарска и музичка јавност, кои зад себе имаат богата меѓународна професионална кариера.

„Фестивалот Охридско лето очекува од новоименуваните селектори да ги вложат своите капацитети максимално и да бидат активни креатори на уметничката програма на годинешново фестивалско издание во духот на богатата меѓународна традиција, реноме и значење на манифестацијата“, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП