Интересот за новиот суперкросовер „Lamborghini Urus“ ги надмина дури и најхрабрите очекувања на италијанскиот производител. Ова беше откриено во интервјуто за „CNBC“ од генералниот менаџер Стефано Доменикали.
Според зборовите на менаџерот, над 70% од купувачите на „Urus“ се нови клиенти на брендот „Lamborghini“. Моделот и овозможи на компанијата значително да го зголеми своето присуство во земји со лоши патишта, како што се Русија и Индија.
Доменикали откри дека меѓу нарачателите на „Urus“ има и многу жени, а и дека повеќето клиенти плаќаат за голем дел од дополнителните опции. При основна цена на теренецот од 200.000 долари купувачите додаваат дополнителна опрема за 40.000 и повеќе долари.
„Lamborghini“ планира да произведе 5.000 автомобили во 2018-та година, од кои над 1.000 од нив ќе бидат „Urus“. До крајот на 2019-та година, компанијата мора да достигне 8.000 единици, а потоа зголемувањето на производството ќе биде прекинато со цел да се задржи ексклузивноста на брендот.
Освен „Urus“ многу добро на пазарите се справува и „Huracan“ кој е се повеќе популарен на пазарите во Европа – Германија, Велика Британија и Италија. Ова е донекаде поради зголемувањето на бројот на луѓе кои се збогатиле со операции со криптовалути. Според Доменикали, токму инвеститорите кои обожуваат ризици имаат многу врска со типичните клиенти на „Lamborghini“.