Галатасарај пројавува сериозен интерес за крилото на Манчестер Јунајтед, Луис Нани. По слабата сезона која ја одигра Португалецот во дресот на „црвените ѓаволи“, тој е на добар пат да ја продолжи кариерата во Турција.
Раководството на Галатасарај веќе се поврзало со колегите во Јунајтед за да започнат разговори за евентуален трансфер на играчот за кој се надеваат дека одлично би се вклопил во тимот во кој се наоѓаат Дидие Дрогба и Весли Снајдер.
Нани одигра само 11 натпревари за Јунајтед во изминатата сезона и веќе одамна не е главна фигура во тимот. Тој беше донесен од Спортинг за 17 милиони фунти во 2007-та година, но сега неговата цена сигурно е падната. Од Галатасарај се подготвени да дадат 10 милиони за неговите услуги, но засега оваа понуда не е прифатена. Веројатно сепак двете страни ќе успеат да постигнат компромис некаде околу 12 милиони фунти.