30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕнди Мареј нема да игра на Аустралиа опен

Енди Мареј нема да игра на Аустралиа опен

Најдобриот британски тенисер Енди Мареј нема да настапи на првиот гренд слем оваа година поради повредата на колкот.

Поранешниот прв рекет во светот веќе подолго време е надвор од терените.

Повредата која ја носи повеќе од половина година сеуште не е докрај санирана, така што најавите за настапот во Мелбурн се откажани.

“За жал, нема да играм во Мелбурн оваа година. Уште не сум подготвен да се натпреварувам. Наскоро си заминувам дома, за да направам проценка на сите можности. Им посакувам среќа на останатите. Ќе ми недостигате”, објави Енди Мареј на прес-конференција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП