30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMini може да стане производител само на електрични автомобили

Mini може да стане производител само на електрични автомобили

Многу е веројатно во блиска иднина „Mini“ да стане бренд кој ќе произведува само електрични возила, но одлуката за тоа ќе се донесе во почетокот на следната деценија.

Шефовите на брендот и нивните шефови од „BMW Group“ ќе почекаат да видат како ќе помине промоцијата на електричното „Mini“, планирано за 2019-та година. Ова го објави Томас Фелбермајер, потпретседател на „Mini“ Америка, на саемот во Лос Анџелес.

Новиот „Mini Electric“, базиран на концептот на „Mini Electric“, прикажан во септември во Франкфурт, ќе се придружи на сега веќе продадаваниот хибрид „Countryman“.

Ако пазарите го прифатат „Mini EV“ добро, ова ќе предизвика брза електрификација на опсегот на брендот.

Фелбермајер потврди дека хибридната продажба на „Countryman“ се претставува добро, а во САД дури чекаат да се испорача автомобилот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП