30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои работници треба да добијат покачување?

Кои работници треба да добијат покачување?

Постојат вработени на кои поради нивните очигледни квалитети вреди да им се обрне внимание.

Иако како претприемач морате да внимавате на своите пари, некои работници поради големиот придонес заслужуваат моментално покачување.

Ова се тие вработени…

1. Оние кои носат најмногу приходи – Работникот кој на компанијата и носи најголеми приходи заслужува покачување.

2. Оние кои имаат непроценливи вештини – Некои вештини не можат да се научат лесно, а на некои вработени им се како вродени, наградете ги тие лица, тие се заслужни за напредокот.

3. Оние кои даваат повеќе од 100 проценти од себе – Лицата кои работат повеќе од своите можности исто така се редовните кандидати за покачување.

4. Оние кои се тука од почетокот – Работниците кои се покрај вас од почетокот без оглед на разните случувања во компанијата, достојно наградете ги за нивната доверба.

5. Оние кои еден ден би можеле да ја преземат работата – многу е важно да мислите на иднината. Препознајте ги овие лица, насочете ги кон водењето на работата и направете се за да ги задржите, а финансиските зголемувања се одлична гаранција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП