30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон по Брегзит нема да ги признава надлежностите на Европскиот суд на...

Лондон по Брегзит нема да ги признава надлежностите на Европскиот суд на правдата

Британската влада соопшти дека нема да ги признае директните надлежности на Европскиот суд на правдата по излегувањето од Европската Унија, што претставува јаболко на раздорот со Унијата, која сака да ги заштити своите граѓани во Велика Британија.

Брисел сака тој суд да остане надлежен за Велика Британија и по брегзитот, кој е предвидено да биде во март 2019 година. ЕУ сака да продолжи да ги користи надлежностите на оваа судска инстанција во случај Лондон да не ги почитува правилата за продолжување на престојот на државјаните на земјите на ЕУ во Велика Британија, кои се речиси три милиони.

„Не е неопходно Судот на правдата да биде директно надлежен за земјите што не се членки на Унијата“, оцени британското министерство кое е задолжено за брегзит.

Британската влада смета дека постојат и други начини за решавање на меѓународните спорови, без директна надлежност на овој суд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП