Фудбалскиот сојуз на Шпанија (ФСШ) ја одби жалбата на Реал Мадрид и ја потврди суспензијата за Кристијано Роналдо. Португалецот е суспендиран на пет натпревари што значи дека нема да игра вечерва против Барселона во Суперкупот и во првите четири натпревари во првенството.
Кристијано Роналдо, во неделата, во првиот натпревар во рамките на шпанскиот Суперкуп на „Ноу Камп“ против Барселона (1-3), за само две минути доби два жолти картони, а кога му беше покажан црвениот картон тој го оттурна главниот судија.
Поради казната Кристијано нема да игра вечерва во реваншот против Барселона, а во првите четири кола ќе ги пропушти дуелите со Депортиво Ла Коруња, Валенсија, Леванте и Реал Сосиедад.