30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГи очекува шок, пазарот веќе прегреа

Ги очекува шок, пазарот веќе прегреа

Фабричкото производство во Кина порасна во јули за 6,4 проценти во однос на истиот период во 2016 година.

Инвестициите во фиксни средства во првите седум месеци се зголемени за 8,3 проценти, при што и двата показатели се под прогнозите на економистите.

Аналитичарите во анкетата за агенцијата Ројтерс предвидоа забавување на експанзијата на фабричкото производство во јули на 7,2 проценти од нивото од 7,6 проценти во јуни.

Се очекуваше дека инвестициите во фиксниот имот ќе пораснат за 8,6 проценти во текот на првите седум месеци, односно дека ќе го задржат истото темпо како во периодот јануари-јуни.

Продажбата на мало во јули забележала раст од 10,4 проценти во однос на минатата година, што, исто така е помалку во однос на јунските 11 проценти и во однос на очекувањата на економистите кои предвидуваа раст од 10,8 проценти.

Растот на приватните инвестиции спласна на 6,9 проценти во периодот јануари-јули, од 7,2 проценти во првите шест месеци, што укажува дека малите и средни приватни претпријатија и понатака се соочуваат со тешкотии во пристапот за финансирање.

Приватните инвестиции сочинуваат околу 60 проценти од вкупните инвестиции во Кина.

Кина планираше раст на инвестициите во фиксни средства од околу 90 проценти за 2017 година и очекува зголемување на продажбата на мало за околу 10 проценти.

Економскиот раст е таргетиран на околу 6,5 проценти оваа година, во однос на 6,7 проценти лани.

Економистите проценуваат дека Пекинг ќе успее да го исполни целниот раст за 2017 година, откако во првото полугодие оствари економска експанзија од 6,9 проценти, што е подобро од она што се очекуваше.

Меѓутоа, повеќето набљудувачи во Кина очекуваат економската активност во наредните месеци да забави поради високите трошоци за финансирање и мерките на Владата за ладење на прегреаниот домашен пазар за недвижнини, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП