30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFinnair се подготвува да ја заземе Азија

Finnair се подготвува да ја заземе Азија

„Finnair“ сака да ги зајакне летовите до Азија, кои се околу половина од целиот нејзин капацитет и цели да превезува до 20 милиони патници годишно во 2030-та година. Ова го изјави директорот на авиокомпанијата Пека Ваурамо во интервју за „Bloomberg“.

Во компанијата очекуваат удвојување на оперативната добивка за 2017-та година, откако превезе рекорден број патници во вториот квартал, со што ја зголеми оперативната добивка до 43,15 милиони долари и ја подобри прогнозата, благодарение на Азија и Европа.

Акциите на авиокомпанијата се зголемија за 5,5% до 9-годишен врв.

„Многу од патниците прават трансфер во Хелсинки. Гледаме силен раст на азиските патници кои или доаѓаат во Азија, или патуваат за Европа. И истовремено зголемување на Европејците кои патуваат до Финска и за Азија“, рече Ваурамо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП