Десетици милиони „Android“ уреди би можеле да бидат инфицирани од новооткриениот „malware“, кој се нарекува „Judy“. „Check Point“ истакнува дека околу 36,5 милиони уреди би можело да го имаат овој малициозен софтвер, кој е креиран со цел нелегитимно да остварува заработка од реклами.
Oткриено е дека „malware“-от постои во 41 апликација во „Google Play Store“, a е способен да ги заобиколи системите за детекција за „malware“ кои ги имплементираше „Google“. Некои од инфицираните апликации постојат веќе со години, па така не е познато колку долго „Judy“ е во оптек.
„„Malware“-от користи инфицирани уреди кои би генерирале поголема количина на кликнувања на реклами, остварувајќи заработка за преварантите кои стојат зад „malware“-от“, истакнува „Check Point“.
Откако дозна за споменатиот проблем, „Google“ од „Play Store“ отстрани неколку апликации кои се заразени. Истакнува дека изворот на малициозни апликации на компанија од Кореја, но повеќе детали засега не се познати.