30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако се прави новото спортско купе на Lexus (фото)

Како се прави новото спортско купе на Lexus (фото)

„Lexus“ објави фотографии од производната линија на фабриката Мотомачи во која за купувачите во Европа се изработува спортското купе „LC“.

Со заминувањето од сцената на суперспортскиот „Lexus LFA“, во гамата на луксузниот бренд на „Toyotа“ остана празно место.

Mоделот „LC“ можеби не е адекватна замена за „LFA“, но покажува дека „Lexus“ ги задржува амбициите да се претстави како релевантен производител на спортски автомобили.

И токму во погонот во Мотомачи во Јапонија, во кој на времето се составуваше „Lexus LFA“, сега се прави „Lexus LC“ зa eвропскиот пазар.

На производната линија е ангажиран специјално обучен тим на работници, за кои јапонците имаат посебно име – „Takumi“ (мајстор, занаетчија). Секој од нив е задолжен за изработка за одреден дел од автомобилот, за што е во просек потребно по 20-тина минути.

Комплетираното возило на крајот внимателно се прегледува во застаклена просторија под специјално „LED“ осветлување.

„Lexus LC“ се произведува во две верзии – со бензински „V8“ мотор и во хибридна „LC 500h“ верзија.

Бензинецот има зафатнина од 5.0-литри и произведува 467 ks и 527 Nm максимален вртежен момент, а автомобилот од 0 дo 100 km/h забрзува за 4,5 секунди.

Хибридниот погон користи 3.5-литарски V6 кој со помош на електромотор развива вкупно 359 ks. Oваа верзија од место до „стотка“ стигнува за нешто помалку од 5 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП