30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБатшуаи ја врати титулата на „Стенфорд Бриџ“

Батшуаи ја врати титулата на „Стенфорд Бриџ“

Фудбалерите на Челзи во 36.коло ја заверија шампионската титула во Премиер лигата, за сезоната 2016/2017.

Екипата на Антонио Конте, во првиот натпревар од 36.коло, во Бирнмингем го совлада ВБА со 0:1 (0:0).

Херој на Челзи е Белгиецот Мичу Батшуаи, кој како резерва влезе во игра во 75.минута, а осум минути подоцна го постигна единствениот гол на натпреварот.

Белгискиот репрезентативец, платен 39 милиони евра, до овој натпревар одигра само 117 минути во Премиер лигата, но со својот гол ги реши сите дилеми во шампионската трка.

Челзи до крајот на сезоната има да одигра уште два натпревари, но веќе има 87 бодови, десет повеќе од Тотенхем, кој до крајот на сезоната ќе одигра уште три натпревари, но веќе нема ниту теоретски шанси да ја стигне бодовната предност на „сините“.

Антонио Конте во својата деби сезона на „Стенфорд Бриџ“ ја донесе шесттата шампионската титула, односно петтата во последните 13 години, кога започна ерата на Роман Абрамович.

Италијанскиот стратег, во кариерата има три титули во Италија со Јувентус, тој воедно е четвртиот тренер во историјата на Премиер лигата кој во деби сезоната ја освои шампионската титула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП