Руската компанија Автоваз, производител на „Лада“, за јубилејот 40 години постоење го понуди своето легендарно теренско возило „Нива“ во две посебни изданија со ограничена серија.
Лада Нива не е теренско возило што се поврзува со луксуз, нејзина главна цел е едноставност и издржливост во сите услови на возење.
Нејзиниот основен изглед е идентичен 40 години, слично како Мерцедес-Бенз од Г класата или Ленд Роверот Дифендер.
Русите, за достојно одбележување на јубилејот, Нивата ја понудија во две посебни серии, кои се луксузни.
Едната едиција е наречена „Еdition“, додека втората “40th Anniversary”, а обете ќе бидат произведени во 1977 примероци.
„Edition“ серијата е достапна со додатоци од челик и еко кожа во ентериерот, посебно обоена инструмент табла, додека другиот специјален модел пристига со каросерија во маскирна боја, посебни логотипови и црни кожни седишта.