30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Дојран ќе се гради музеј на вода

Во Дојран ќе се гради музеј на вода

Дојран ќе добие музеј на вода наредната година, а проектот ќе почне да се изработува годинава.

Во периодот од 2012 до 2014 година, во Дојран биле спроведени археолошки истражувања во кои е откриено постоење на наколна населба, поточно локалитетот Мрдаја.

Според најавите од Завод за заштита на споменици и музеј на град Струмица, што ги водеше истражувањата, оваа година со поддршка на Министерството за култура ќе се работи на проектот, а наредната веќе е предвидено да се почне со изградба на населбата.

Планот е да се направат четири објекти од праисториската епоха и еден објект мандра. Тоа е практично музеј на вода, односно поврзување на праисторијата со 20 век, односно на некој начин да ги претставиме сите оние активности кои се битни за историјата на Дојран и Дојранското Езеро, вели Зоран Рујак, директор на Завод и музеј Струмица.

Проектот ќе придонесе за развој на туризмот во Дојран и зголемување на веќе постоечката туристича понуда на градот.Доколку се реализира овој проект,Македонија ќе добие втор музеј на вода, по оној во Охрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП