Менаџментот на руската гасна компанија „Гаспром“ очекува раст на приходите од извозот на природен гас во оваа година да е најмалку од 35 милијарди американски долари (УСД).
Минатата година од извоз е остварен приход нешто поголем од 30 милијарди долари и нема причина да се ревидираат цените на гасот договорени за идниот извоз во Кина.
Истовремено, компанијата нема можност за снабдување со гас на најголемата руска нафтена компанија Роснефт, што потоа таа би го извезувала.
Имено, гасоводите Северен тек и идниот Северен тек 2 се резервирани за извозни испораки на гас кон постоечките договори на Гаспром и неговите муштерии и нема капацитети за дополнителни испораки на Роснефт.