Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав го прифати предлогот за распределување на нето добивката во износ од 98,205,999.33 евра заклучно со 31 декември минатата година.
Дел од нето добивката во износ од 22,735,148.00 евра да се употреби за исплата на дивиденди, а начинот како останатиот дел во висина од 75,470,851.33 евра ќе се користи, ќе биде детерминиран во следните неколку години.
Дивиденда во висина од 1 евро бруто по акција, ќе се исплати на оние акционери кои ќе бидат впишани во книгата на акционери два дена по седницата на Собрание на акционери. Таа ќе се исплаќа во рок од 30 дена по усвојувањето на одлуката за користење на нето добивката.
Надзорниот одбор ја прифати и одлуката на Собранието на акционери да се предложи ревизорската куќа ERNST & YOUNG, за ревизор на Заваровалница Триглав во 2013 година.
На седницата е назначена и Барбара Носе за надворешен член на Ревизорската комисија.
Следната седница на Надзорниот одбор треба да се одржи на 21 мај.