Шефот на „FIAT Chrysler Automobiles“ (FCA) Серџо Маркионе објави дека во палетата на „Alfa Romeo“ ќе се појават уште два кросовери, кои ќе бидат поставени над и под првиот таков модел на марката – „Stelvio“.
Во минатата недела европските специјализирани медиуми се воодушевени од веста дека новиот седан на „Alfa“ – „Giulia“ нема да се нуди во караван верзија, што е важно за пазарот на Стариот континент. Аргументот на Италијанците е дека откако го има „Stelvio“, нема потреба од караван верзија на седанот.
„Ќе додадеме два нови кросовери во палетата на „Alfa“. Едниот ќе биде под „Stelvio“, а другиот ќе биде поголем“, изјави Маркионе пред италијанскиот весник „Corriere della Sera“.
„Stelvio“ дебитираше во ноември на саемот во Лос Анџелес и веќе излегува на одделни европски пазари, а напролет треба да се појави и во повеќе држави.
„Двата нови модели ќе се составуваат во Италија, како и сите други автомобили на „Alfa Romeo. Производството на првиот од нив ќе почне кон крајот на 2018-та или почетокот на 2019-та година“, додаде Маркионе.
„Stelvio“ е базиран на платформата, која се користи кај „Giulia“ и се произведува во истата фабрика во Касино, Италија.