Во канцелариите работата често се обавува со музика во позадина. Многу поединци слушаат музика додека работат и од дома. Но, не е секоја музика добра за концентрацијата.
„Focus at will“ со помош на невролози и психолози создаде музика наменета за слушање при работа која ќе ја продолжи вашата концентрација и до четири пати.
Компанијата „Focus at will“ со помош на неврологот д-р. Евиан Гордон и професорот по психологија д-р. Степхен Сидероф, утврдија која музика делува како „зголемувач на вниманието“. Според најновите истражувања, овој тип на музика влијае директно на лимбичкиот систем, овозможувајќи ви подолга концентрација.
Концентрацијата кај човекот трае во сегменти од 20 минути. „Focus at will“ тврди дека со оваа музика, може да се работи и до 100 минути без пауза.
Пуштете го видеото, слушајте ја музиката, вашата концентрација ќе расте, а ви ќе можете да ги обавувате вашите работни задачи многу поефикасно…