Португалскиот премиер Антонио Коста им порача на европските официјални лица дека можат да здивнат, бидејќи буџетскиот дефицит на Португалија ќе биде понизок од целниот лимит.
Буџетскиот дефицит за 2016 година, како што изјави, ќе биде значително понизок од 2,5 проценти колку што беше договорено со официјалните лица во Брисел, пренесува агенцијата АП.
Според прописите на еврозоната, буџетскиот дефицит на земјите мора да изнесува под 3,0 проценти од нивниот годишен бруто домашен производ, нешто што Португалија не успеала да го реализира од 2007 година.
Нејзиниот дефицит во 2010 година беше над 11 проценти, година дена пред официјален Лисабон да побара меѓународен пакет помош во вредност од 8 милијарди евра.