Поради технички зафати во мрежата во четврток неколку делови на Скопје во различни временски интервали ќе останат без струја.
Во време од 09:00 до 15:00 часот корисниците од населбата Илинден, во време од 08:30 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Рафаило Батино и дел од ул. Веле Марков во општина Ѓорче Петров, додека во време од 08:00 до 11:00 часот корисниците од дел од ул. Боца Иванова. ( општина Бутел )
Во време од 08:30 до 17:00 часот корисниците од ул. Улоф Палме и дел од ул. Иван Козаров. ( општина Кисела Вода ), во време од 08:30 до 10:30 часот корисниците од дел од ул. Џумајска ( општина Карпош ), во време од 08:30 до 15:00 часот корисниците од дел од Бул. Црвена Армија и дел од ул. Ѓорче Петров. ( општина Ѓорче Петров ).
Во време од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Чедомир Кантарџиев, дел од ул. Неврокопска ( општина Кисела Вода ), а во време од 09:00 до 13:30 часот корисниците од дел од ул. Хелсинки, дел од ул. Мексичка.( општина Карпош ).