„Mercedes“ во текот на оваа есен го прошири семејството на моделот „E Сlasѕ“ со крос возило кое ќе се натпреварува на пазарот со „Audi A6 Allroad“ и караванот „Volvo V90 Cross Country“.
„Mercedes E Сlasѕ All Terrain“ имаше светска премиера на саемот за автомобили во Париз оваа година. Возилото е засновано на класичниот караван модел, кој во теренската верзија ги доби новите стилски детали на каросеријата, зголемено растојание од тлото и погонот „4Matic“ на сите четири тркала како стандарден дел од опремата.
„E Сlasѕ All Terrain“ е опремена со системот за суспензија „Air Body Control“ на „Mercedes“, a во однос на стандардниот караван, растојанието од земја е поголемо и до 35 mm (во зависност од начинот на возење). Toа значи дека максималното растојание на возилото од тлото е 156 mm.
Во почетокот автомобилот ќе биде понуден со 2.0 литарски дизел мотор со 194 ks (143 kW) и 400 Nm, кој е поврзан со деветбрзински „9G-Tronic“ автоматик. Во оваа конфигурација (E220d 4Matic), за забрзување од 0 дo 100 km/h му се потребни 8 секунди, додека максималната брзина е 232 km/h.
Се планира во текот на 2017-та понудата да биде зголемена со верзијата „E350d 4Matic“, која под хаубата ќе има шестцилиндарски мотор.
Во продолжение можете да ги погледнете двата промотивни видео записи од „Mercedes E Сlasѕ All Terrain“: