Фернандо Сантош го продолжил договорот до 2020 година, соопшти националниот Сојуз.
Фудбалскиот сојуз на Португалија реши да го награди Сантош со нов и финансиски подобрен договор, откако успеа со репрезентацијата да го оствари најголемиот успех во фудбалската историја.
Сантош по завршувањето на ЕУРО 2016 доби понуда од кинескиот Пекинг Гуан, вредна осум милиони евра годишно, но тој реши да не го менува работното место.
Фернандо Сантош Португалија ја презеде во 2014 година, веднаш по Светското првенство во Бразил. Во кариерата бил селектор на Грција, а работел и во ПАОК, Бенфика, АЕК Атина, Спортинг Лисабон, Панатинаикос, Порто и Есторил.