„Google“ моментално развива нова верзија на „Android“ која интерно е позната под кодното име „New York Cheesecake“, a за сите останати надвор од „Google“, како „Android N“. Со цел да дознае кое име за новиот „Android“ ќе им одговара најмногу на корисниците, кон крајот на март беше започната и „online“ aнкета.
Потсетуваме дека праксата на „Google“ е секоја година „Android“ да добие име по некоја слатка чие име започнува со следната буква од азбуката во однос на претходната верзија. Од сите можни имиња со почетната буква „N“ некако најмногу беше фаворизирана „Nutella“, која на крајот не беше избрана.
Новиот „Android“ кој ќе пристигне по бројната ознака 7.0 службено ќе се нарекува – „Nougat“.
Со цел да го прослави изборот на името, „Google“ во дворот на својот кампус во „Mountain View“ постави и пригодна статуа – зелен „Android“ кој овој пат стои на „Nougat“.