30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата усвои Предлог ребаланс на Буџетот за 2016

Владата усвои Предлог ребаланс на Буџетот за 2016

миновски

Промената на проекцијата за растот на бруто домашниот прозивод (БДП) од првично предвидените 4 на 2,3 отсто за тековната година е причината за носењето на Предлог ребалансот на Буџетот за 2016 година, со кој се осигуруваат средства за за плати, пензии и социјални трансфери, а капиталните расходи остануваат на високо ниво, образложи на прес­конференција министерот за финансии Кирил Миноски, откако претходно во петокот вечерта на владина седница беше усвоен споменатиот предлог.

Миноски, кој од неодамна е на челната позиција во министерството за финасии по повлекувањето на неговиот претходник Зоран Ставрески, објасни дека како резултат на промените на проекциите во растот на БДП-то, неопходно е да биде изврешена соодветна корекција на проекциите на вкупните приходи и вкупните расходи.

Според него, на приходната страна, има намалување на проекциите за околу два отсто, или за три милијарди денари, додека на расходната страна има намалување за 804 милиони денари.

„Она што сакам да го споделам со граѓаните е дека со ребалансот не се загрозени платите, пензиите и социјалните трансфери, а кај капиталните расходи има извесни намалувања, коишто, сепак, остануваат на високо ниво и се поголеми за 3,8 милијарди во однос истиот период минатата година“, истакна Миноски.

Посочи, исто така, оти со ребалансот не се напушта ниту еден првично проектиран проект.

„Од следењето на состојбата и врз основа на оние информации што ги имаме за трендовите на тие пазари, ќе донесеме и соодветна одлука во однос на евентуално издавање еврообврзница која ќе придонесе за зголемување на ликвидноста во буџетот, но исто така и за сервисирање на дел од старите обврски кои ги имаме по основ на претходно доспеани кредити и обврзници“, рече министерот за финансии.

Миноски нагласи дека оптимистички е позитивниот тренд на наплата кај даноците и придонесите, коишто се зголемени во однос на првите два квартала на минатата 2015 година, и тоа кај даноците за 6,4, додека кај придонесите за 5,7 отсто.

„Со ребалансот доаѓа и до извесно зголемување на буџетскиот дефицит од првично проектираните 3,2 на 3,6 проценти од бруто општествениот производ или за 2,1 милијарда денари. Со ребалансот на Буџетот настојуваме да обезбедиме непречено сервисирање на сите функции на македонската економија“, појасни Миноски.

Апелираше до јавноста за конструктивност во натамошните активности на министерството за финансии.

Усвоениот ребаланс од Владата уште во петокот вечерата беше доставен до Собранието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП