30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на ФИН Проект во МКЦ

Концерт на ФИН Проект во МКЦ

fin-project

ФИН Проект во петок вечер со почеток во 20 часот во МКЦ ќе го одржат својот прв концерт во Скопје, како промотивен настан за нивниот најнов албум „Едно е сонцето”.

ФИН Проект е авторски музички концепт на Никола Стојковски, DJ, промотер и продуцент од Скопје, кој нуди поинаков и современ синергиски пристап кон традиционалната музика изразена преку електронски аранжмани во фузија со различни стилски изрази.

„Едно е сонцето” (2015, Баги комуникации) е авторска електронска музика со lоunge звук, фузија од world music, џез-рок и chill елементи. Аранжманите на композициите од албумот се на Никола Стојковски и Влатко Георгиев, а на концертот ќе се појават и Александар Николовски на труба, Даниел Маневски на кавал, Ангела Стевковска како вокал, Зоран Велковски на гитара, Трајче Давков на кларинет и Бошко Мангаровски на канон.

На концертот, кој како предгрупа ќе го отворат „Перија“, ќе бидат изведени и препознатливите композиции од првиот албум на ФИН Проект “Битови и орнаменти/Во Македонија“(2012, Литиум рекордс).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП