Скандинавскиот производител на автомобили „Volvo“ го претстави најскапиот автомобил, некогаш произведен во историјата на компанијата.
Со почетна цена од 104.900 долари, моделот „Volvo XC90 T8 Excellence“ ја поминува за прв пат границата од 100.000 долари. Тоа е уште еден знак од страна на компанијата дека се прифаќа за производител на луксузни автомобили и се почесто ќе се споредува и натпреварува со компании како „Mercedes“, „Audi“, „Lexus“, „Jaguar“ и „Land Rover“.
Со новиот модел „Volvo“ ќе се обиде да се дистанцира од својот имиџ на производител безбеден и сигурен, но на секојдневни автомобили.
„Моделот „Volvo XC90 Excellence“ е развој на она што „Volvo“ го подразбира под терминот луксуз. Тој комбинира во себе фантастични материјали, бескомпромисна сигурност и перформанси, како и забележителни додатоци“, коментира во соопштението Лекс Керсемејкерс, постар заменик претседател задолжен за производната стратегија и управување на автомобилските серии на „Volvo“.
„Овој автомобил му дава пристап на „Volvo“ до нов тип купувачи“, додава Керсемејкерс.