Поранешниот најголем производител на мобилни телефони во светот Нокиа не успева да излезе на крај со проблемите на пазарот.
Од некогашен лидер станаа некои кои заостануваат многу зад другите. Подемот на поранешната фабрика за гума и чизми започна во деведесетите години кога на пазарот беа први во светот кои измислиле мобилен телефон кои може да се „закачи“ на интернет. Станаа светски лидери во производство на телефони и беа најбарани на пазарот.
Со години се истакнуваат по квалитетот на своите уреди. Меѓутоа сега дојде генерацијата на паметни телефони со екран осетлив на допир за кои од Нокиа не пронајдоа адекватен одговор. Веќе некое време се борат на пазарот, а се претпоставува дека причината за ваквиот пад е тоа што менаџерите го имаат загубено инстиктот за иновации и нови трендови.
По првиот бран на отпуштања на работници кој се случи пред две години, финската компанија ја очекува повторно намалување на работните места.