30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија: Цвета работата на црно

Австрија: Цвета работата на црно

blackmoney

Во Австрија, работата на црно е значаен извор на дополнителни приходи за многумина граѓани, проценуваат експертите.

Економистот Фридрих Шнајдер, верува дека околу еден милион луѓе во Австрија редовно работат на црно, а тоа најчесто се личностите кои се пријавени во бирото за вработување, привремените пензионери и странците без дозвола за работа.

Тој проценил дека со работата на црно, вкупно се остваруваат околу 20 милијарди евра.

Поголемиот дел од населението нема ништо против работата на црно и не е свесно дека станува збор за нелегална активност. Имено, работата на црно е на врвот од прифатените прекршоци, бидејќи 44 проценти од Австријците немаат негативно мислење за тоа, а 31 процент сметаат дека е сосема нормално да се работи на црно.

Најголем губитник од овој вид на сива економија е државата, која на овој начин губи околу 2,5 милијарди евра. Кога станува збор за губитоците од даноците, Шнајдер, смета дека губитокот е многу помал бидејќи парите заработени од работата на црно се трошат легално.

Според сегашната студија, најчесто се користат илегални работници за реновирањето на домови, за поправка на автомобили, изградба на куќи, домашни работи и слично. Исто така, се зголемува и работењето на црно во областа за нега на постари лица.

Во Австрија најмногу работници на црно има во Виена и жителите на Долна и Горна Австрија.

Шнајдер укажува дека работата на црно е „нож со две острици“. Имено, државата губи поради неплаќањето на придонесите, но истовремено работата на црно оживува други поголеми делови од економијата.

„Од работата на црно профитираат економијата и сите ние“, изјави Шнајдер и додаде дека многу куќи и станови не би постоеле ако ја нема работата на црно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП