Европскиот суд го одби барањето на Coca-Cola новата верзија на познатото шише со пијалокот Coca-Cola да се заштити со регистриран знак.
„Coca-Cola“ се обрати до Општитот суд бидејќи Канцеларијата на ЕУ за хармонизација на внатрешниот пазар во март 2014 година го одби нејзиното барање за регистрација на заштитниот знак со објаснување дека новото шише не може да се смета за „природна еволуција на познатото иконско шише“.
„Општиот суд потврдува дека шишето нема карактеристики кои се разликуваат од останатите шишиња на пазарот“, се наведува во пресудата на Општиот суд во Луксембург каде се додава дека станува збор за „проста варијациија на обликот и пакувањето“.
„Coca-Cola“ соопшти дека е разочарана од пресудата и дека ќе размисли дали ќе продолжи понатаму да ја води оваа битка и ќе се пожали и во Европскиот суд за правда, пренесува Блумберг.