Германскиот трговски синџир Lidl има намера во Србија да отвори 20 супермаркети во ова и во следната година, а долгорочно да отвори 100 супермаркети, најавија во средата претставници на Lidl на средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ.
Првиот малопродажен објект во Србија веќе е изграден во Смедерево, во текот на оваа и следната година ќе бидат изградени уште 20, а во мај 2017 година треба да биде готов и дистрибутивниот центар во Нова Пазова.
После тоа планирано е истовремено да бидат отворени сите малопродажни објекти на германската компанија која во Србија ќе вработува околу 1.000 лица, соопштено е по состанокот на претставниците на Lidl со српскиот премиер.
„Долгорочниот план на Lidl е во Србија да отвори сто малопродажни објекти“, изјави директорот на Lidl за Србија, Драган Чигоја