Министерството за одбрана на Албанија одлучи да продаде 40 застарени авиони и хеликоптери од советско и кинеско производство, јави агенцијата АП, при тоа додавајќи дека за леталата се заинтересирани музеи и колекционери.
Министерството соопшти дека ќе бидат продадени 40 авиони и хеликоптери меѓу кои се и советскиот борбен авион од типот Јак-18, Миг 15, 17, 19 и 21, како и хеликоптери од типот Ми-4.
Повеќето летала што ќе бидат предмет на аукцијата што ќе се одржи на 22 февруари, произведени се во педесеттите години на минатиот век, а нивната почетна цена се движи од околу 8.500 до 15.000 долари, односно од 1,1 до 1,9 милиони леки.
Портпаролот нa Министерството изјави дека за купување на леталата се заинтересирани музеи и колекционери од САД, Франција и Италија.
Албанија е членка на НАТО од 2009 година, а нејзиното воздухопловство поседува само хеликоптери.