Лестер, во 24.коло во Премиерлигата, славеше во дербито против Ливерпул и во пресрет на дуелот со Манчестер Сити ја задржа предноста од три бода. Триумфи во оваа премиерлигашка рунда забележаа Мначестер Јунајтед, Тотенхем, Вест Хем и Борнмут.
Лестер со двата гола на Џејми Варди го порази Ливерпул со 2:0 и стигна до 50-от бод во сезоната. Варди со 18 голови е прв стрелец во Премиерлигата. Манчестер Сити освои три во Сандерленд, благодарение на голот на Агуеро, постигнат уште во 17.минута. Сити и Лестер ќе се сретнат во дерби мечот од наредното коло.
Тотенхем со сигурна игра победи во Норич со 3:0 и благодарение на подобрата гол разлика изби пред Арсенал на третата позиција. Арсенал не успеа да го освлада Саутемптон. Тимот на Венгер три натпрервари во низа нема постигнато гол, а четири натпревари е без победа.
Јунајтед против Стоук одигра еден од подобрите мечеви сезонава и убедливо победи со 3:0. Лингард, Мартсјал и Руни беа стрелци за ’црвените ѓаволи’.
Вест Хем ја совлада Астон Вила со 2:0, Кристал Палас загуби од Борнмут 1:2, а ВБА со голот на Рондон во 92.минута извади бод против Свонси (1:1).