30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДизелот поевтинува два денари, цените на бензините непроменети

Дизелот поевтинува два денари, цените на бензините непроменети

ml

Малопродажната цена на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство се намалува за два денари, мазутот поевтинува за 1,5 денари, додека цената на бензините останува непроменета.

Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика во понеделникот на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката, новата цена на литар еуродизел (Д-Е V) изнесува 46,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 35,5 денари.

Килограм мазутот М-1 НС изнесува 17,743 денари.

Литар еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава по цена од 62,5 денари, а литар еуросупер БС-95 по 64,5 денари.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период е за 5,13% пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период е за 1,116 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,56%, кај дизелот намалување во просек за околу 10,09% и кај мазутот намалување во просек за околу 12,15%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување, се вели во образложението на Регулаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП