11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen Transporter Т6 ја освои наградата „ International Van of the Year“...

Volkswagen Transporter Т6 ја освои наградата „ International Van of the Year“ за 2016-та година

van nagrada

Најновата верзија на најпродаваниот модел на фолксваген произведен во Хановер, Transporter Т6, беше прогласен за најдобар интернационален „VAN“ –  најдобро комерцијално возило во класата за 2016-та година.

Наградата на Transporter Т6 му ја додели жирито во кое членуваат новинари од цела Европа, а статуетката беше доделена на саемот во Лион, Франција.

Жирито составено од новинари од 24 европски земји кои се специјализирани во областа на комерцијалните возила, одлучи дека Transporter Т6 на Volkswagen е најдобар во својата класа и му ја додели наградата „ International Van of the Year“ за 2016-та година. Станува збор за шеста генерација на моделот кој трет пат во својата историја ја добива оваа престижна награда.

Статуетката ја прими извршниот директор на секторот за комерцијални возила на Volkswagen, Екхарт Шолц.

van nagrada1

„Ова е големо признание за нашето Т семејство. Воедно е и достигнување за нашиот тим кој со имплементирање на вистинските чекори го направи возилото од Хановер најдобриот Транспортер досега. Почестени сме што го добиваме ова признание и го гледаме како сигнал и мотивација за успешен старт на 2016 година која ќе биде полна со предизвици“, изјави господинот Шолц.

Т6 го одликува остар и прецизен дизајн, повеќе простор и намалена потрошувачка на гориво. На располагање се и повеќе нови системи за помош на возачот, како на пример Dynamic Cruise Control, со кој возилото може да се адаптира на три начини на возење – комфорно, нормално и спортски, како и системите Adaptive Cruise Control, Front Assist, Automatic Post Collision Braking System, Driver Alert System  и Park Pilot. Додека новиот забавно- информативен систем  ги поврзува сите уреди преку Bluetooth со цел да му овозможи на возачот безбедно користење на уредите.

transporter4

Transporter од 1950 година поставува нови и повисоки стандарди во поглед на дизајнот, економичноста и функционалноста. Набрзо по светската премиера, T6 пристигна и во Македонија благодарение на импортерот „Порше Македонија“ кој во соработка со Порше Лизинг уште од самото претставување на пазарот, до крајот на 2015 година овозможи атрактивен лизинг аранжман со 5,5 отсто каматна стапка и 15 отсто учество.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП