2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕве го новиот предводник на Volvo (фото+видео)

Еве го новиот предводник на Volvo (фото+видео)

v s90

Компанијата „Volvo“ го претстави официјално својот најнов модел – седанот „S90“, кој го заменува „S80“. Новиот предводник на швеѓаните ќе дебитира пред публиката на автосаемот во Детроит во јануари следната година.

v s90 1

Автомобилот е изграден на модуларната платформа „SPA“, која беше формирана за втората генерација на кросоверот „XC90“. Моделот ќе се нуди со 2.0-литарски бензински и дизел турбо мотор од семејството „Drive-E“. Бензинскиот засега е еден – „T6“ кој развива 320 КС, додека дизел агрегати се два – „D5“ со 235 КС (470 Nm) и „D4“ со 190 КС (400 Nm).

v s90 2

Топ-верзијата на предводникот на „Volvo – T8 Twin Engine“, ќе биде достапна со хибриден агрегат со вкупна моќност од 400 КС. Овој моќен мотор исто така ќе дебитира кај кросоверот „XC90“. Во понудата за овој модел ќе бидат два вида на менувачи, 6-брзински мануелен и 8-степен автоматски.

v s90 3

Со исклучок на најслабата модификација сите останати ќе се опремени со систем за погон на сите четири тркала. Во стандардни услови поголемиот дел од вртежниот момент ќе се пренесува на предната оска, но по потреба 50% од моќноста ќе може да се насочува и кон задните тркала.

v s90 5

Седанот ќе добие и полуавтономен систем за придвижување врз основа на активен круз-контрол. Овој систем ќе може да го одржи само автомобилот при брзина до 130 км/ч., а во случајот дури не е потребно напред да има друго возило кое ќе го следи и на тој начин да се задржи траекторија и дистанцата.

v s90 6

Освен тоа новото „Volvo S90“ доби систем за откривање на големи животни, како коњи и елени на патот. Тој работи како дење, така и ноќе и при случај на опасност од судир ги активира сопирачките на возилото за да избегне инцидент.

v s90 4

Во опремата на возилото се вклучени и систем за кружен видео надзор, систем за следење на мртвите зони, систем кој му помага на возачот при преминување на раскрсници (тој ги „набљудува“ останатите автомобили и го предупредува возачот при потреба).

Од компанијата најавија дека палетата на моделот на подоцнежна фаза ќе биде дополнета со караван верзија, која ќе го носи името „V90“. Како конкуренти на новиот предводник скандинавците ги посочуваат „BMW Series 5“, „Jaguar XF“, „Mercedes-Benz E-Class“ и „Audi A6“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП