2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВашиот душек е идеална подлога за милиони грини (видео)

Вашиот душек е идеална подлога за милиони грини (видео)

grini000

На сите им е познато дека душеците се идеално место за живот на грините, но повеќето не знаат како овие паразити изгледаат под микроскоп.

Лабoрaторијата на Универзитетот во Охајо направи видео –снимка на која микроскопски зголемено се гледаат грините.

На снимката се гледа дeка тие се опкружени во сопствениот жолтеникав измет, а експертите тврдат дека тие можат да исфрлат измет и до 20 пати во текот на денот.

Грините се многу мали суштества, долги околу една четвртина од милиметар и предвикуваат алегрии кај голем број на луѓе.

Се хранат со парченца од човековата кожа и ги привлекува влагата, па душеците, перниците и мекиот мебел се идеално опкружување за нив.

Докторката Лиска Акерли, експерт за хигиена, тврди дека во еден душек можат да се кријат 10 милиони грини и додава дека по две години користење на перницата таа станува потешка за десет проценти поради нив и нивниот измет.

Генерално, грините не се опасни, но овие паразити можат да предизвикаат алергиска реакција, егзема, грозница, а експертите напоменуваат дека тие се предизвикувач на астма кај 80 проценти од луѓето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП