25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAmazon најавува соработка со Goodreads

Amazon најавува соработка со Goodreads

AMAZON-GOODREADS_612x380

Најголемата електронска интернет продавница „Amazon“ ќе ја купи друштвената мрежа „Godreeads“, сервис за препорака на книги, и со тоа да се обидат ја победат конкуренцијата која ја имаат во електронското издаваштво од страна на „Google“ и „Apple“.

Електронскиот читач на книги кој го има „Amazon“, „Kindle“ ги промени навиките на читателите кои се повеќе се навикнуваат на овој вид на читање во однос на традиционалните печатени изданија. Продажбата на електронски книги секоја година бележи стабилен раст. Па поради тоа експертите сметаат дека овој потег на „Amazon“ е сосема оправдан, за да одолее на конкуренцијата која ја имаат во „Apple“ и „Google“ со своите електронски сервиси.

„Goodreds“ е интернет сервис кој е основан во Сан Франциско во 2007-та година и моментално има 16 милиони корисници и претставува најзначајна онлајн заедница на читатели на книги на интернет, како и место на кое може да ги оценат, да прпорачаат или да откријат новите книги, а од нивната интернет страна може да се купат книги кои ги има во понудата на „Amazon“ и „Barnes & Noble“.

„„Amazon“ и „Goodreads“ имаат иста страст кон книгите и нивните начини на читање“, изјави Рас Грандиенти потпретседателот на содржината „Kindle“ на „Amazon“.

Еден од основачите на сервисот „Goodreads“, Отис Чендлер изјавил дека со овој договор ќе и помогнат на компанијата уште побрзо да го сподели своето искуство со многу повеќе луѓе во целиот свет.

Финансиските делови за куповниот договор не се соопштени, но се очекуваат сите детали во врска со превземањето да бидат наскоро објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП