18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen најде решение за проблемот

Volkswagen најде решение за проблемот

motoraki 333

Концернот „Volkswagen“ го откри долгоочекуваното техничко решение со кое ќе се воведе норма во нивните дизел мотори кај кои беше откриен уред за манипулирање со податоците за издувните гасови.

Во моментов одлуката влијае на два од проблематичните агрегати од семејството „EA 189“ – 1.6 и 2.0 TDI, како тоа е претставено и заверено од Федералната служба за автомобилска администрација на Германија, покажува официјалното соопштение од „Volkswagen“.

Што ќе случува со најмалиот мотор засегнат од „Дизелгејт“ – 1.2 TDI, ќе биде објавено во најскоро време.

Информациите покажуваат дека 1,6-литарскиот TDI мотор ќе биде подложен на механички и софтверски подобрувања, а целиот процес во сервисот ќе трае помалку од 1 час. Поголемиот 2,0-литарски мотор само бара „незначително ажурирање на софтверот“, чие интегрирање трае околу 30 минути.

Најважно е дека манипулациите на моторите нема да влијаат на нивната продуктивност и потрошувачката на гориво, категорични се од „Volkswagen“, кои додаваат дека сепак методот се уште не е целосно тестиран.

Техничкото решение е одобрено од Федералната служба за автомобилска администрација на Германија и ќе биде искористено при сервисната акција, која ќе стартува од почетокот на 2016-та година. Оваа сервисна акција засега околу 11 милиони автомобили во светот.

Сепак не се соопштува ништо за останатите мотори кај кои беше откриено несогласување помеѓу официјално наведените нивоа на штетни емисии „CO2“ и оние кои автомобилите ги покажуваат за време на тестовите. Тоа се автомобили како со дизел, така и со бензински мотори, а листата со агрегати можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП