24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW објави листа со погодените автомобили (фото)

VW објави листа со погодените автомобили (фото)

co2 333

Концернот „Volkswagen“ објави листа со погодените дизел и бензински автомобили, кај кои постои јаз помеѓу официјално наведените нивоа на штетни емисии „CO2“ и оние кои автомобилите ги покажуваат при спроведувањето на тестови.

Листата вклучува исклучиво машини на модели за 2016-та година, нивниот број е околу 430.000 единици, покажува информацијата. Со проблематични мотори се опремени и постари автомобили, а претходно од концернот најавија дека нивниот вкупен број е околу 800.000.

Од листата станува јасно дека се изманипулирани податоците, како на дизел, така и на бензинските автомобили. Дизелите се опремени со „TDI“ мотори со зафатнина од 1,4, 1,6 и 2,0 литри. Кај бензинските автомобили тоа се агрегати со зафатнина од 1,0, 1,2, 1,4, 1,8 и 2,0 литри.

Повеќе детали погледнете во табелата. Во максимално кратки рокови треба да бидат официјално објавени и произведените примероци, пред да биде објавен скандалот.

Концернот веќе објави дека ќе ги плати сите дополнителни трошоци наметнати на клиентите кои поседуваат машини со лажни вредности за емисиите на „CO2“, директно поврзани со потрошувачката на гориво.

co2 334

 

co2 336

co2 337

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП