6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВоведено бесплатно ин витро и ин витро за трето и четврто дете

Воведено бесплатно ин витро и ин витро за трето и четврто дете

invitro 33

Партиципацијата од 6.000 денари за остварување на право на ин витро, од 13-ти ноември е на товар на буџетот на Фондот, а се овозможи и право на ин витро за трето и четврто дете, покрај правото за прво и второ до три обиди.

Фондот за здравствено осигурување информира дека од 13.11.2015 година, согласно законските измени кои стапија на сила, осигурените лица кои сакаат да остварат право на ин витро се ослободени од плаќање на учество (партиципација) која изнесува 6.000 денари за користење на здравствените услуги во постапките на ин витро (БПО) за добивање на прво, второ, трето и четврто дете најмногу до трет неуспешен обид за оплодување. Партиципацијата ќе биде надоместена од страна на Фондот.

Втората новина е дека правото на ин витро може да се користи за трето и четврто дете, односно за здравствените услуги извршени во постапките на биомедицинско потпомогнато оплодување спроведени со автологно оплодување и алогенеичко оплодување за трето и четврто дете, најмногу до трет неуспешен обид за оплодување.

Во Македонија, процентот на докажана бременост (βHCG во серум)  по ин витро постапка, во 2011-та година изнесува 38,7 отсто, во 2012-та година тој процент изнесува 41.3 отсто, во 2013-та година изнесува 50,5 отсто, во 2014 година изнесува 54,5 отсто, а во 2015-та година до 31-ви јули изнесува 53,5 отсто.

„Од овој тренд произлегува дека нашите здравствени установи со кои имаме склучено договор за ин витро се високо специјализирани и со висок процент на успех. Воедно за вискиот процент на ин витро постапката влијае и тоа што осигурениците побрзо се одлучуваат за оваа интервенција, затоа што надоместокот кој го покрива Фондот за ин витрото е стилмулативен, за разлика од други здравствени системи каде оваа интервенција не е на товар на државата. Сакаме да ги поттикнеме паровите кои се заинтересирани да аплицираат за ин витро за второ дете што побрзо да го направат тоа, земјаќи во предвид дека возраста игра улога, а Фондот и службите се секогаш достапни за било какви дилеми“, велат од ФЗОМ.

Средствата кои Фондот ги исплатил за остварување на правото на ин витро од 2010-та до 2015-та се 387.465.000 денари.

Осигурените лица имаат право на сопствен избор во која здравствена установа сакаат да прават ин витро, од листата на установи со кои имаме склучено договор. Здравствените установи кои вршат БПО услуги, а кои имаат склучено договор со Фондот во 2015-та година се: Плодност од Битола, Др. Органџиски од Штип, Ре-медика од Скопје, Ултрамедика од Скопје, Моја болница од Скопје, Аџибадем Систина од Скопје, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Гинеко медика од Скопје и Инанна систем (Њуборн клиник) од Скопје.

Сите потребни обрасци, упатството за начинот на остварување на правото на БПО на товар на ФЗОМ и сите други информации се објавени на ВЕБ страницата на ФЗОМ – www.fzo.org.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП