28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксуз без граници: Звучници од 5 милиони евра

Луксуз без граници: Звучници од 5 милиони евра

zvu1

Минимализмот не е нешто што ни паѓа на памет кога помислуваме на сет златни звучници, кои се декорирани со дијаманти…

Toј збор воопшто неможе да се примени како опис за „River’s Tone“ звучниците, кои ги креираше јапонската компанија „Anodic Supplu“, во соработка со „Mischio Sakamoto“. За златната верзија на овие звучници се користи повеќе од 50 килограми чисто злато.

Овој сет од два звучника и едно појачало е мал кога зборуваме за димензии, но сепак е многу моќен и ни дава можност да уживаме во екстремно високиот квалитет на звуци, токму поради либералната употреба на злато. Како што стои во нивниот опис: „Телата направени од чисто злато достигнуваат најниска лонгитудинална еластрична густина, што како резултат дава неверојатна јасност и транспарентно чист аудио сигнал“.

Овој сет е дизајниран да биде неверојатно елегантен, без споеви, празнини или навртки кои можат да се видат. Секое парче е рачно изработено во Jапонија.

Звучниците се достапни во верзии со легури од сребро и злато, или пак во целост направени од србрo и злато. Тие имаат прилагодени решетки, декорирани со дијаманти и циркони. Златната верзија, содржи 40 карати беспрекорни дијаманти и чини околу 5 милиони евра.

Нормално, кога нешто е скапоцено и волку оригинално, се изработува само по нарачка, за лица кои можат да си дозволат ваков луксуз.

zvu2

zvu3

zvu4

zvu5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП