
Кинескиот производител на паметни телефони „Xiaomi“ денес претстави нов фаблет „Redmi Note 3“ во Кина.


Кинескиот производител на паметни телефони „Xiaomi“ денес претстави нов фаблет „Redmi Note 3“ во Кина.
Тој се одликува со метално куќиште, сензор за отпечатоци и моќна батерија од 4.000 mAh. Телото на уредот е целосно од алуминиум, како и со димензии од 8.65 мм во најдебелиот дел. Неговата тежина е 164 грама, или за 4 грама повеќе во споредба со втората генерација на моделот.
На задната страна на уредот е лоциран сензор за отпечатоци на кој, според производителот, му се потребни само 0,3 секунди за препознавање и отклучување.
Во однос на останатите технички карактеристики, смартфонот се одликува со 5,5-инчен екран со резолуција 1.080 пиксели и процесор „MediaTek Helio X10“. Моделот ќе се нуди во две варијанти – со 2GB RAM меморија и 16 GB внатрешна меморија, како и со 3 GB RAM меморија и 32 GB внатрешна.
Задната камера е 13-мегапикселна со авто фокус и „LED“-блиц. Цената на уредот е 140 долари за верзијата со 16 GB и 172 долари моделот со 32 GB внатрешна меморија. Фаблетот е достапен во четири бои – сребрена, златна, бела и сива.