20 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕШто се крие во оваа луксузна вила? (фото)

Што се крие во оваа луксузна вила? (фото)

vik1

Ексцентричноста и уживањето во изобилието не е нешто од што треба да се срамите – туку напротив…

Тоа може да се смета за инспирација, што другите луѓе ќе ги наведе да се борат за постигнување на такви резултати и креирање на свое сопствено место за уживање во апсолутен луксуз.

Овој имот во Обединетото Кралство, ќе ве чини околу 7 милиони евра. Љубителите на автомобили ќе бидат особено одушевени, кога ќе видат дека електричните врати од гаражите се отвораат кон еден многу интересен простор – во прашање е уникатниот лифт за автомобили, кој ве води до местото каде забавата навистина се случува.

Полираниот под кој ќе се отвори пред вас, ви дава простор за паркирање на 25 автомовили, кои во овој заштитен простор лесно ќе го задржат својот совршен, оригинален изглед. Спуштениот таван, седумте декоративни столбови и автоматизираниот систем за осветлување, ја комплетираат оваа подземна гаража.

Покрај самата гаража, која веројатно ќе биде наинтересниот дел, овој дом има и величествена соба за прием, која претставува три четвртини од балконот, кој е декориран со дабови скалила и ограда. Тука се и трите интригантни ложи, банкет трпезаријата, две гардероби и дополнителен простор.

Вреди да се напомене и моќно дизајнираната кујна и кафе собата, но она што навистина спектакуларно се издвојува се скалилата и кристалниот лустер со 30 светилки. Колекцијата од 25 автомобили не е вклучена во продажната цена, доколку се прашувате.

vik2

vik3

vik4

vik5

vik6

vik7

vik8

vik9

vik10

vik11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП